Мени

Неда Гавриќ со хуманитарен концерт во Куманово

09.09.2014 08:06 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во четврток во 20 часот  хуманитарен концерт ќе одржи пејачката Неда Гавриќ од Онтарио, Канада.

Неда Гавриќ со хуманитарен концерт во Куманово

Сите хумани и доборнамерни кумановци ќе можат да уживаат во прекрасниот глас на Неда Гавриќ. Таа ќе пее без придружба и озвучување, а ќе ја придружува оркестарот “Тоска“. На концертот ќе настапат и членови на балетско студио “Ултра“.

Билети нема да се продаваат, а посетителите ќе можат на влезот да остават симболична сума од 50 денари. За деца влезот ќе биде слободен.

Собраните средства ќе бидат донирани за сиромашни граѓани или болни деца.