Неделава постабилно, за викенд променливо
26.04.2010 08:53
| KumanovoNews
И оваа работна недела ќе започне со дожд. Според прогнозите денеска ќе преовладува oблачно време со врнежи од дожд и максимална температура до 20 степени.
Стабилизација на времето се очекува веќе од утре. Во пораст ќе биде и дневната температура која ќе достигне 24 степени Целзиусови.
Сончево до умерено облачно време ќе се задржи до сабота. Во недела се очекуваат нови врнежи од дожд и благ пад на температурите.