Неколку улици без вода
03.08.2010 08:20
| KumanovoNews
Поради дефект на водоводната мрежа, жителите на улиците „1„ во населбата Карпош, „Титова Митровачка„, „Иво Лола Рибар„, „Ристо Романовски„ и населбата Долно Којнаре, утринава останаа без вода.
Од ЈП „Водовод„ известуваат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на проблемите.
До попладневните часови се очекува нормализирање на водоснабдувањето.