Нела на светски натпревар за фризери во Милано
Сопственичката на фризерски салон “Нела“, Нела Захариева наредната недела ќе учествува на Меѓународен саем за фризери и козметичари во Милано и ќе се натпреварува во категорија кратка женска фризура заедно со над илјада фризери од светот.
Таа е прва и единствена фризерка од Македонија која успејала да влезе меѓу 20-те најдобри на еден ваков избор.
На натпреварувањето се пријавив и испаратив фотографии со фризури по мејл, по што бев избрана меѓу најдобрите 20. Има седум или осум дисциплини. Јас се пријавив за дамска кратка фризура и како што имам увид на интернет, влегов во потесниот избор. Јас не се надевам на награда, ама ќе бидам среќна што ќе добијам диплома од ОМЦ, а тоа е врв на достигнувањата на еден фризер - вели Захариева.
Лани таа го посетила саемот во Милано и вели дека има многу голема конкуренција. Додава дека се оценува целокупниот стајлинг на манекенките, не само фризурата.
Оваа година мои фаворити се Русите, кои се ненадминливи. Од наша близина можам да ги истакнам Црногорците. Кога ги гледав резултатите, тие се секогаш во првите неколку места. Одлука носи меѓународно жири и за секоја дисциплина има посебна комисија. За да биде непристрасно жирито, ние кога аплицираме, нема ниту име, презиме, туку само манекенката и бројот - објаснува Захариева.
Саемот традиционално се оддржува од 6 до 8 октомври во Милано, а годинава ќе учествуваат над 1000 фризер од цел свет.
Захариева две години упорно конкурирала за престижното натпреварување, но била одбиена затоа што Македонија нема репрезентација на фризери која може да учествува на овој натпревар. Таа активно работи на идејата за создавање на македонска репрезентација, која ќе ја претставува државата на светското фризерско натпреварување.