Мени

Нелогични прашања на екстерно тестирање

05.06.2015 17:32 | KumanovoNews

Нелогични и двосмислени прашања, прашања без понуден одговор, прашања од материјал кој учениците не го поминале имало на екстерното тестирање.

Нелогични прашања на екстерно тестирање

За овие недостатоци учениците се пожалиле на тестаторите, а нивните приговори по завршување на екстерното тестирање ќе бидат испратени до надлежните.

Има поплаки. Имало прашање, а одговор не е понуден. Имало прашања кои не се на списокот на тие 300 понудени прашања кои може да се паднат на екстерно. Ќе направиме анализа и за неколку дена ќе имаме поконкретни информации на оваа тема - велат од средно училиште во Куманово.

Од едно основно училиште во градот рекоа  дека при тестирање на знаења од биологија, имало прашање од хемија.

По граѓанско образование се жалеа дека имало двосмислени прашања. На некои прашања требало да има слика, а сликата фалела. За математика кажаа дека за 7 одделение имало прашање кое не одговара на програмата, односно од материјал кој учениците не го учеле. Имало прашања кои не беа меѓу понудените, значи некои нови прашања - велат од основното училиште.

Родителите велат дека треба целосно да заврши екстерното тестирање, за да добијат попрецизна слика за сите недоследности, но сметаат дека има и прашања несоодветни за возраста на ученикот.