Мени

Нема гужви на Табановце

15.01.2012 14:42 | KumanovoNews

 До 12 часот границата ја минале околу 5000 македонски граѓани, главно навивачи кои патуваат до Ниш.

Нема гужви на Табановце

 Граничните служби на Табановце подготвено ја дочекаа зголемената фреквенција на возила и патници за Србија и не дозволија да се создаде поголема гужва.

Имаме зголемена фреквенција на патничките возила за излез од државата, во однос на автобусите и товарниот сообраќај. Околу 11 часот имавме најголема гужва, поради што беа активирани три дополнителни траки и немаше поголеми задржувања на возилата. Очекуваме дека зголемената фреквенција ќе биде до 13 часот, а потоа сообраќајот ќе се нормализира- вели Игор Максимовиќ, раководителот на смена на полициската станица Табановце.

Колона од товарни возила имаше неколку километри од преминот, до влезот на селото Табановце. Од полицијата објаснуваат дека камионите се задржуваат надвор од преминот, и на секои 10 минути се пушта по 3 возила за да не се создава гужва на самиот премин и да се избегне закрчување на сообраќајот. Возачите на камионите кажаа дека чекале од 1 до 2 часа за да излезат од државата.