Мени

Нема интерес за ИПАРД програмите во земјоделството

30.10.2012 12:50 | KumanovoNews

 Слаб е интересот за проекти од ИПАРД фондовите со кои можат земјоделците да ги надградат фармите,системите за наводнување и да ги обноват насадите.

Нема интерес за ИПАРД програмите во земјоделството

Само двајца земјоделци се јавија да земат материјали и да се информираат за условите. Досега никој не поднел барање за добивање на пари од европските фондови. Ако се одобри проект кој чини 10.000 евра, тогаш земјоделецот дава свои пари 5.000 евра, а остатокот го добива од ИПАРД фондовите. Ова е за постоечки, не за нови насади или објекти. Парите фармерот треба да ги врати по пет години, а до тогаш не смее да продаде или отуѓува имот за кој му е дадена парична помош - рече Живка Наумова, раководител на Регионален центар на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

Таа објаснува дека слабиот интерес се должи на тоа што граѓаните немаат пари, а повеќето луѓе се определиле за земјоделство откако останале без работа и немаат друг избор, а не се навлезени вистински во оваа област.