Мени

Нема настава и во Старо Нагоричане

08.02.2012 10:14 | KumanovoNews

 Општината Старо Нагоричене одлучи да ја прекине наставата во основните училишта, поради временските неприлики. Одлуката учениците да останат дома важи до петок.

Нема настава и во Старо Нагоричане

Дел од учениците живејат во селата каде што се завејани патиштата и не можат да доаѓаат на настава. Училиштата со нормална настава ќе продолжат во понеделник- велат од Општината.

Наставата од денеска е прекината и во Општината Куманово, а во Липково од вчера децата не одат на училиште. Изгубените часови ќе се одработуваат кога ќе се подобри времето.