Мени

Нема опасност од излевање на реките

17.05.2012 08:49 | KumanovoNews

 Досега се наврнати од 27 до 30 литри дожд на метар квадратен што не претставува ризик водите да се излеат од коритата. Денешните врнежи од 7 до 8  литри на метар квадратен исто така не можат да предизвикаат големи промени.

Нема опасност од излевање на реките

Од Центарот за управување со кризи во Куманово велат дека состојбата ја следат и овие врнежи повеќе ќе донесат корист одошто штета. Потенцираат дека 80 км од речните корита во кумановско, вклучувајќи го и липкововско се исчистени и можат да акумулираат вода без проблем.

Критични точки се делот кај Клечовце каде се спојуваат Крива Река и Пчиња, тука 4 км има простор кај што не е чистено. На овој терен ќе се работи кон крајот на мај. Помеѓу Војник и Стрезовце и помеѓу селата Пчиња и Студена Бара порано имало изливи. Ако е потребно ќе побараме механизација од Дирекцијата за заштита и спасување или некоја друга фирма која има склучено договор со Владата, но нема да ги оставиме луѓето на цедило. Дури и утре ако има врнежи, не е страшно и реките ќе издржат - вели Горан Стојановски, раководител на Центар за управување со кризи во Куманово.

Тој додава дека се што е над 65 метри кубни во секунда може да доведе до излевање. При посериозни поплави може да се формира и координативно тело.