Нема подолго чекање на Табановце
20.07.2012 09:08
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце патничките возила вообичаено чекаат по 15 минути колку што е потребно за да се направи контрола.
Како што се резервираат аранжмани за одмори кои траат по десет дена , така имаме пресек и тоа на 10, на 20 во месецот. Искуството од претходните години говори дека за Илинден голем број возила ја поминуваат границата. Ова важи не само за Табановце, туку општо за сите премини - велат од АМСМ.
Зголемена фреквенција деновиве не е забележана за влез и излез, но бидејќи ни претстои викенд се очекува поголема раздвиженост. На возачите им се препорачува тргнување на пат во раните утрински часови.