Нема снег по улиците
22.12.2011 12:56
| KumanovoNews
Снегот што од ноќеска вее, не предизвика проблеми во сообраќајот во Општината. Сите сообраќајни ци во градот и локални патишта се проодни, бидејќи снегот се топи и не се задржува на коловозите.
Екипи на претпријатијата „Хуљуси„ и „Катинг„, кои се задолжени за зимско одржување на улиците, подготвени се да интервенираат, но во овој момент нема потреба, бидејќи снегот не го загрозува сообраќајот.Засега само се следи состојбата во градот, и доколку врнежите се интензивираат ќе се излезе на терен. Имаме 4 камиони-соларки и доволни количини на сол- вели Момчило Јовановски.
И во Општината Старо Нагоричане нема проблеми во одвивање на сообраќајот. Од таму велат дека интензитетот на врнежи на снег е помал во однос на Куманово.