Нема вода во Којнаре и Јане Сандански
27.07.2012 06:39
| KumanovoNews
Утринава вода нема на улица “1“ во населбата Јане Сандански и улица “4“ во село Долно Којнаре.
Се работи за дефект на водоводните цевки кои треба да се санираат во текот на денешниот ден од вработените во ЈП“Водовод“. Попладне граѓаните кои живеат на овие две улици ќе добијат вода за пиење.
Во останатите делови на градот водоснабдувањето се одвива нормално.