Нема вода во Средорек
12.10.2012 08:23
| KumanovoNews
Утринава вода немаат жителите на населба Средорек и на уште две улици во градот.
Без вода се граѓаните кои живеат на улиците “Доне Божинов“ и “Димо Хаџи Димов“. На санирање на дефектите веќе работат екипи од ЈП“Водовод“. На улица “Чупино Брдо“ се работи на обнова на водоводна мрежа.
Други прекини во снабдувањето со вода во градот и околните населби засега не се регистрирани.