Мени

Несовесни граѓани го оштетуваат атлетскиот полигон

16.06.2015 09:13 | KumanovoNews

Несовесни млади луѓе во вечерните часови се собираат на атлетскиот полигон кај училиштето „Наце Буѓони“ и истиот го оштетуваат, беше кажано на вчерашната  седница на Советот на општина Куманово.

Несовесни граѓани го оштетуваат атлетскиот полигон

Претседателот на Советот, Максим Димитриевски праша дали местото може некако да се заштити, бидејќи тука се собираат млади луѓе, се случуваат девијантни појави и вандалско однесување.

На ова градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски одговори дека со следниот ребаланс на општинскиот буџет, може да се преземат мерки за ангажирање на обезбедување  на полигонот. Дамјановски жали што граѓаните се несовесни и не го чуваат атлетскиот полигон кој важи за еден од најубавите во државата.

Граѓаните не водат многу сметка за да го заштитат тој комплекс. Има журки, дружби, се гаснат цигари на стазите, тревата е изгазена, оградата е исечена. Се работи за еден од најубавите и најуспешните мои проекти, така оцениле спортските работници и тука се одржуваат многу првенства - вели Дамјановски.

Вандалското однесување и уништување на полигонот, е пријавено во полиција, а со проблемот е запознаена и директорката на техничкото училиште.