Мени

Невладините бараат шелтер центар

24.08.2012 09:09 | KumanovoNews

 Од Женскиот мултиетнички центар ја истакнуваат потребата за отварање на шелтер центар за згрижување на жени жртви на насилство.

Невладините бараат шелтер центар

Нивната замисла е овој центар да ги опслужува шестте општини од Североисточниот регион на земјата.

Ние имаме направено акциони планови кои се доставени до советите на општините и тие треба да ги прифатат. Направен е план со активности. Ќе има локални совети кои ќе се осамостојат и ќе работат координирано. Жртвите нема да лутаат од една до друга институција. Неколку години по ред со жените од политичките партии разговараме за шелтер центар и тие оваа идеја ја подржуваат, буквално од сите партии. Но ако се отвори шелтер треба и стручни лица да се вработат. Општина Кратово пројави интерес преку донации да учествува. Исто и од општина Старо Нагоричане се заинтересирани за соработка - вели Виолета Петровска, претседател на организација на жени “Кумановка“.

Петровска објаснува дека лани имале стотина повици од жени жртви на насилство. Според неа најзастапено е економското насилство.