Нова аптека во Куманово и две во Липково
09.10.2014 14:00
| KumanovoNews
Во рок од два месеци во Куманово ќе се отвори една, а во Липково две аптеки.
Овие аптеки се дел од 66 - те нови аптеки кои ќе се отворат ширум земјава со решенија издадени од Министерството за здравство. Со ова лековите ќе бидат подостапни за населението во руралните средини и тие ќе заштедат време и пари.
Согласно најновите измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските помагала, ПЗУ аптеки кои имаат 2 или повеќе аптеки во иста општина или 5 или повеќе аптеки на ниво на Република Македонија, задолжени се да отворат аптеки, аптекарски станици во рурални подрачја, односно подрачја со население до 3500 жители.