Мени

Нови казни за фирмите од Државен пазарен инспекторат

09.10.2014 08:11 | KumanovoNews

Во период од 29 септември до 3 октомври, Државниот пазарен инспекторат во Куманово казнил повеќе фирми за различни прекршоци.

Нови казни за фирмите од Државен пазарен инспекторат

Извршени се 3 едукации по Законот за трговија, 2 едукации  по Законот за угостителска дејност, 2 платни налози  по Закон за  трговија во износ од  209,100 денари, 2 платни налози по Закон за заштита  на  потрошувачите во износ од  92.250 денари, 1 платен налог по Закон за трговија  во износ од  12.300 денари. Изречена е 1 мандатна казна по Закон за трговија  во износ  од  12.300 денари, издадени се 2 покани за наплата  на глоба и тоа : за правното лице  во износ од  30.750 денари  и за одговорното лице во износ од 6.150 денари.

Одземена е  стока  во износ од 1.000 денари, и  издадено е 1  решение за привремена забрана за  вршење на дејност во траење  од 30 дена.