Новинарите да внимаваат на детските права
Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“ викендов го презентираше Кодексот за заштита на приватноста, идентитетот и интегритетот на детето.
На дводневниот семинар во Кичево, новинарите од електронските и печтени медиуми споделија искуства, коментираа ТВ прилози и донесоа заклучок дека родосквернавењето на децата не треба да биде алатка за поголема гледаност на вестите. Напротив идентитетот на детето не треба да се открива ниту пак куќата во кое живее семејството. Новинарите не треба да земаат изјави од децата жртви или деца сведоци.
Ова е трет тренинг со новинарите и медиумските куќи. Го изготвивме Кодексот како да известуваат новинарите кога децата се жртви или сведоци на педофилија. Три години и три месеци го подготвувавме и со последниот тренинг дефинитивно нацрт кодексот донесен во претходните години го дефиниравме како конечен. Тој ќе биде отпечатен од страна на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“ и ќе биде дистрибуиран до двете новинарски здруженија, до сите уредници - рече Драги Змијанац директор на “Меѓаши“.
За случаи каде децата се сексуално злоупотребени новинарите треба да бараат одговорност и официјални изјави од институциите. Потребно е да се истражи кои се причините кои довеле до еден таков настан каде децата се жртви на насилници.