Мени

Новиот амбасадор на БиХ во посета на Старо Нагоричане

02.11.2012 14:03 | KumanovoNews

Денеска во посета на Општината Старо Нагоричане, престојуваше ново назначениот амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија, Здравко Беговиќ,

    
Новиот амбасадор на БиХ во посета на Старо Нагоричане

Високиот гостин го пречека градоначалникот Миодраг Јовановиќ со своите соработници, кој со амбасадорот разговараше за огромните потенцијали и културно историјски богатства кои ги има општина Старо Нагоричане.

При тоа било договорено да се интензивира соработката на општината Старо Нагоричане со локални самоуправи од БиХ и Република Српска на полето на културата, туризмот и спортот.