Мени

НРЦ позитивен пример во извештајот на Македонија пред ОН

23.03.2015 11:02 | KumanovoNews

Работата на Националниот ромски центар е наведен како позитивен пример во извештајот на Македонија пред Обединетите Нации, поради резултатите постигнати во изминативе години за зголемување на бројот на ученици Роми во кумановските училишта.

НРЦ позитивен пример во извештајот на Македонија пред ОН

Тоа го постигнавме со макотрпна работа неколку години наназад, а се должи на добратакомуникација и доверба на релацијата родител-наставник-ученик. Ќе апелирам до основното училиште “11 Октомври“ оваа година да биде поотворено за ромските деца. Се надевам дека менаџерскиот тим во училиштето и раководителот на секторот во општината ќе даде свој придонес, бидејќи училиштето е во близина на населбата Средорек. Во основните училиште “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“ имаме поголемо присуство на ромски деца, и тоа е за пофалба. Овие резултати се добри за Република Македонија и за системот на образование - вели Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.

Преку активностите на НРЦ, осипувањето на ромските деца на ниво на држава е намалено за 13.5 отсто.