Мени

НРЦ собира потписи за укинување на придонеси за хонорарци

30.03.2015 09:29 | KumanovoNews

Во просториите на Националниот ромски центар во Куманово, секој работен ден се собираат потписи за укинување на одлуката за плаќање придонеси на хонорари.

НРЦ собира потписи за укинување на придонеси за хонорарци

Со ова НРЦ се приклучува на иницијативата “Ајде“, за оценување на уставноста на одредбите од Законот за работни односи, Законот придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

НРЦ ги повикува граѓаните секој работен ден во нашите простории на улица “Доне Божинов“ бр.11/5 да ја поддржат оваа иницијатива. За овој регион ние сме контакт точка. При самото доаѓање граѓаните ќе бидат информирани за иницијативата, а од нив се бара име, презиме, адреса и потпис. Други лични податоци не бараме. Има одзив, ни се јавуваат луѓе на телефон, доаѓаат, се потпишуваат. Нема ограничување за бројот на потписи, но колку повеќе собереме толку подобро - велат од НРЦ.

Со собраните потписи ќе биде поднесена групна преставка до Уставниот суд, за укинување на задолжително плаќање на придонеси за хонорарците.