Обединетата српска заедница го одбележува Видовден
20.06.2012 11:11
| KumanovoNews
Обединетата српската зедница во Куманово и оваа година ќе организира прослава на Видовден и ќе одбележи годишнина од Косовската битка.
Со тоа ќе го отпочне одбележувањето на 100 годишнината од Кумановската битка.
По тој повод на Градскиот кеј се организира турнир во мал фудбал „Видовден 2012„, кој ќе трае од денеска до наредниот четврток. Финалето ќе се одржи на 28 јуни во 18 часот.
Истиот ден, помен на косовските јунаци ќе се оддаде во црквата „Свети Тројца„ во 10 часот.
Видовденската академија е закажана на 29 јуни во Младинскиот културен центар „Козјак„ со почеток во 20 часот.