Мени

Обилните дождови активираа свлечишта во кумановско

15.04.2015 09:41 | KumanovoNews

По обилните дождови оваа пролет, свлечишта се активираа во селата Шупли Камен, Скачковце, Отља, Длабочица и други населени места.

Обилните дождови активираа свлечишта во кумановско

Претежно се работеше за мали свлечишта со должина од 20 до 50 метри, кои не претставуваа голема опасност за околината, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Повеќето од овие свлечишта беа надвор од населените места. Секогаш треба да се направи проценка на терен, да се види дали ќе има негативни последици, во смисла ако се интервенира на едно свлечиште да не се појави ново. Некои свлечишта се санирани, а во некои случаи се чека земјиштето да се исуши од влага“- вели Горан Стојановски од РЦУК.

Васко Стојов од Управата за хидрометеоролошки работи објаснува дека обилните врнежи од дожд и влагата во почвата, се фактори кои доведуваат до појава на свлечишта.

Тоа е нормална појава кога почвата е полна со влага и веќе не може да ја апсорбира. Свлечиште се јавува по долготрајни обилни врнежи од дожд или онаму каде што е направен ископ за пат, ридот е пресечен и стабилноста му е нарушена. Подобро е свлечиштето веднаш да се санира, затоа што ако се чека тогаш целиот процес чини поскапо - рече Стојов.

Во кумановско свлечиштата не предизвикаа посериозни проблеми, ниту пак зафатија куќи или помошни објекти.