Мени

Обнова на документи за субвенционирање на смет и вода

23.01.2015 12:12 | KumanovoNews

Од први февруари почнува обновата на документи за субвенционирање на сметки за вода, смет и јавен градски превоз за социјалци, стечајци и слепи лица.

Обнова на документи за субвенционирање на смет и вода

Корисниците на овие субвенции ќе треба документи да достават во секторот за социјална заштита во општина Куманово,

Исто како и претходните години, ќе треба да донесат потврда дека се корисници на конкретни услуги, вода за пиење, изнесување на смет и користење на јавен градски превоз. Ќе треба доказ дека се членови на УНИТ или друго здружение со печат и потпис, да видиме дека се работи за вистинити податоци. Лична карта и ако водомерот е на друго име, треба доказ за врска меѓу барателот на субвенции и подносителот. За стечајците потребно е месечните примања да не бидат повисоки од 10.000 денари и да се работи за стечаец кој статусот го добил уште во време на затварање на големите фирми - вели Фросина Трајковска од секторот за социјална заштита во општина Куманово.

Општината ќе субвенционира сметки за вода до 900 денари, за смет до 300 денари и бесплатен градски превоз за одреден број граѓани.

Лани ваков тип на субвенции користеа околу 1900 граѓани.