Мени

Обука за поддршка на млади претприемачи во Старо Нагоричане

16.10.2014 15:00 | KumanovoNews

 Во Тренинг центарот “Млади за млади“ во Старо Нагоричане, утре во 11 часот ќе се одржи обука за поддршка на млади претприемачи.

Обука за поддршка на млади претприемачи во Старо Нагоричане

Обуката е дел од проектот “Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ и има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и да го поттикне младинското претприемништво. Преку проектот ќе се поврзат владиниот, бизнис секторот и граѓанските организации.

Цел на проектот е да се формира првата национална мрежа на граѓански организации кои ќе се фокусираат на младинско претприемништво и социо - економскиот развој на младите во земјава. Мрежата  ќе понуди обуки, индивидуално советување, промоција на активности, подготовка на проекти на организациите.

Проектот е финансиран од Европска Унија, а го реализираат ПСМ Фондација, Фондација МИР, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење и Здружение на работодавачи на Скопје.