Мени

Обука за пожарникарите во Старо Нагоричане

17.09.2014 08:58 | KumanovoNews

Пожарникарите од доброволното противпожарно друштво во Старо Нагоричане од 22 месецов ќе следат обука за гаснење на шумски и урбани пожари, организирана од Општински противпожарен сојуз Куманово.

Обука за пожарникарите во Старо Нагоричане

Обуката ќе трае една седмица, ќе се состои од теоретски и практичен дел.

“Обуката е 60 часа и ќе бидат опфатени вкупно 25 пожарникари од кои 8 се професионални, а другите се доброволци. Обуката ќе ја држиме јас, Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово, луѓе од Дирекција за заштита и спасување, инженер за заштита од пожари “ - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински протипожарен сојуз Куманово.

Оваа обука ќе биде добредојдена за пожарникарите од Старо Нагоричане кои многу ретко имаат можност да следат професионална обука.