Обука за проекти се оддржува во Црвен Крст
12.11.2012 09:45
| KumanovoNews
Во просториите на Црвен Крст Куманово денеска ќе се оддржи обука за мали проекти за ученици од основните и средните училишта.
Ппредавачи од Скопје учесниците ќе ги учат како да подготват и да документираат мал проект. Традиционално секоја година се оддржуваат по две вакви обуки од ноември до март, а потоа учесниците предлагаат теми и во соработка со Црвен Крст реализираат проекти.
Учениците кои ќе се покажат како најуспешни, одат на тридневен камп во Струга.