Мени

Обука за учество на младите во меѓуетнички дијалог

17.08.2012 09:49 | KumanovoNews

 Младинскиот Центар за еднакви можности - Скопје во рамките на проектот “Учество на младите жени во меѓуетнички дијалог, мир и безбедност” организира обука на тема “Резолуцијата 1325 и родово- сензитивен меѓуетнички дијалог”.

Обука за учество на младите во меѓуетнички дијалог

Ќе се дискутира за женските, човековите права, градење и зачувување на мир, мирно решавање на конфликти и друго. Обуката е осмислена со работилници, предавања, дискусии, презентирање на документарен филм и изложба на фотографии “Македонија земја со 1325 културни различности“.

Обуката започна вчера, продолжува денеска и утре, а се оддржува во “Женски центар“ во Куманово. Опфатени се жени и мажи на возраст од 17 до 31 година. Вториот дел од обуката ќе биде од 19 до 21 август.

Обуката е дел од серијата на обуки кои се спроведуваат во Кичево, Струга и Куманово, во рамките на проектот “Учество на младите жени во меѓуетнички дијалог, мир и безбедност”, кој се реализира со техничка и финансиска поддршка на Телото на Обединети нации за родова рамноправност и еманципација на жените - UN Women канцеларијата од Скопје.

 Носител на проектот е Младинскиот центар за еднакви можности, а партнер е Здружението Сирма од Куманово.