Мени

Од Белгија се враќаат првите азиланти

10.03.2010 13:20 | KumanovoNews

 Од Белгија денеска тргнувал првиот автобус со лица од кумановско-липковскиот регион кои не добиле азил и сега се враќаат дома.

Од Белгија се враќаат првите азиланти

 Автобусот со 41 патник во придружба на двајца претставници од белгиското министерство и преведувач, се очекува во Куманово да стигнат утре вечер.

Македонските државјани ќе бидат вратени во државата откако Брисел децидно кажа дека нема  основа за добивање политички азил, со оглед на тоа земјите од кои доаѓаат имаат демократско уредување и ги почитуваат човековите права и граѓанските слободи.

Белиески претставници вечера го посетија Липково за да на лице место се уверат во условите во кои живет граѓаните.