Од ноќеска поефтинуваат бензините и дизелот
24.08.2015 12:35
| KumanovoNews
Бензините од ноќеска на полноќ поефтинуваат за три денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 64 денари за литар, а на еуросупер БС-98 ќе изнесува 66 денари. Еуродизелот ќе се продава по 49 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 денари за килограм и ќе изнесува 20,760 денари за килограм.
Намалувањето на нафтените деривати е резултат на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.