Од понеделник до 40 степени
16.07.2015 09:22
| KumanovoNews
Наредните денови температурите постепено ќе се зголемуваат, а во понеделник ќе достигнат до 40 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи објаснуваат дека низ целата држава ќе биде топло, со акцент на југоистокот каде вообичаено има повисоки температури.
Во недела ќе имаме температури до 39 степени, а во понеделник ќе биде најтопло и на некои места ќе има температури до 41 степен, додека во вторник ќе бидат 39 степени. Мало заладување ќе има во среда кога температурите ќе бидат 37 степени - вели Ивана Петровиќ, дежурен синоптичар во УХМР.
Синоптичарите велат дека следната недела ќе биде видно потопла од оваа недела, кога во Куманово температурите се движеа од 33 до 35 степени.