Од утре повторно високи температури
03.08.2012 10:56
| KumanovoNews
Од УХМР за наредните денови најавуваат температури до 40 Целзиусови степени и УВ индекс 9.
До среда Македонија ќе биде зафатена од топла и сува воздушна маса. Во Куманово во сабота температурата ќе се искачи до 37, а во недела до 38 Целзиусови степени. Во понеделник и вторник ќе биде потопло и температурите ќе се движат до 41 степен. УВ индексот во наредните пет дена ќе биде 8.