Мени

Од увозот на домати, штети ќе трпат и кумановските градинари

27.06.2015 14:35 | KumanovoNews

Поради увозот на албанскиот домат, штети во наредниот период се очекува да претрпат и кумановските градинари .

Од увозот на домати, штети ќе трпат и кумановските градинари

Бидејќи пазарот е преплавен со домати, цената ќе падне и земјоделците ќе трпат загуби. Трајан Димковски од здружението „Рурална коалиција“, вели дека струмичките производители го продаваат доматот за 6 денари по килограм на големо, што е катастрофално ниска цена, а истиот проблем ќе се јави и во кумановско.

Претходните години во јуни месец доматот држеше цена од 40 до 50 денари. За извозно ориентираните култури, Владата однапред треба да направи стратегија и план. Треба да го слуша гласот на произведувачите. Струмичаните уште пред два месеци алармираа дека на пазарот има увезен домат. Владата треба да си го заштити сопственото производство, а не сега ветува ќе откупи домати за 15 дена и ќе го амортизира пазарот. Цената на доматот, ако го има во маркетите на мало за 25 денари  е ниска, и веќе е под производствената цена со што градинарите одат во загуба - вели Димковски.

По 6,5 денари за секој килограм домати кој до 15 јули ќе биде предаден во конзервната индустрија, вети Владата за градинарите кои имаат проблеми со пласманот.