Мени

Одбележан Денот на Здружената оперативна команда

17.10.2014 15:11 | KumanovoNews

Во касарната “Боро Менков“ денеска се одбележа Денот на Здружената оперативна команда.

Одбележан Денот на Здружената оперативна команда

За прв пат годинава, по донесена одлука на врховниот командант, претседателот на државата се слави 17 октомври - Денот на здружената оперативна команда на датум, на кој во 1878 година започнало Македонското востание во село Кресна.

За месец дена биле ослободени повеќе од 35 села во Источна Македонија со план востанието да се прошири на целата тероторија на Македонија. За исполнување на оваа цел по почетните успеси на востаничките сили формирана е здружена команда - Штаб на Македонското востание чија прва задача била да ја устрои македонската војска во чиј состав ќе влезе “секој христијанин и мухамеданец, Македонец, Турчин, Албанец, Влав, Србин, Ром и друг - вели Алексадар Стојчев, директор на Воен музеј.

На свеченоста пред присутните се обрати началникот на Генерал штабот на АРМ, потполковник Горанчо Котески.

Во годината кога Република Македонија одбележува седумдесет години од АСНОМ, но и од ослободувањето од фашистичките поробувачи, горди сме што Денот на Здружена оперативна команда ќе не потестува на важен настан од нашата историја. Сонот на Беровски, Малешевски и востаниците за слободна Македонија е исполнет, а наша постојана обврска како господари на војничката професија е да продолжиме по патот на успехот - изјави Котески.

По завршување на официјалниот дел беше откриена биста со печат на првиот началник на штаб и беше отворена изложба со експонати од Воениот музеј. За Денот на Здружена оперативна команда армијата претходно организираше крводарителска акција, хуманитарна акција за донирање на облека, литературен конкурс за ученици, спортски турнири и слично.