Одбележани 107 години од битката на Челопечка кула
Обединетата српска зедница во Македонија, регионален одбор Куманово,вчера во селото Челопек, организираше помен и сеќавање на загинатите борци во битката на Челопечка кула.
Делегации на Обединета српска заедница и Српска напредна странка, како и педесетина граѓани од Куманово и Старо Нагоричене, положија свежо цвеќе и запалија свеќи во помен на 25 српски доброволци и четници загинати во битката на Челопек.
Крвавата битка против Турците се водела на 29 и 30 април 1905 година, а за нејзиното значење во историјата заборуваше председателот на ОСЗ Часлав Јовановиќ.
„По неуспешнното востание на Србите во кумановскиот и кривопаланачки крај во 1878 година, и по крвавите пресмети на Турците со востаниците, нивно измачување и крвави убиства, настанал тежок период на овие простори и цела Македонија. Една од потешките борби се случила на Челопечка кула, кога 130 српски четници водела тешка борба против побројната турска војска и муслиманите од околкните села. Тука почиваат 25 српски четници, кои во борбата со Турците тука ги оставија своите млади животи - рече Јовановиќ.
Во нивна чест на 25 годишнината од битката, подигнат е споменик од два дела во висина од 2 метри. Плочата била скршена во 1957 година, а на нејзината 100 годишнина повторно вратена на старото место. На иницијатива на жителите од околните села споменикот е исчистен, и направени се скали по кои може посетителите полесно да дојдат до него.