Мени

Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2012 12:55 | KumanovoNews

 Во гимназијата „Гоце Делчев„ беа одбележани 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер.

Одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

Свежо цвеќе на бистата положија делгации на локалната самоуправа,училиштето, политички партии и невладини организации.

"Токму на овој ден се роди великанот на македонската револуција. Патот што го поплочи овој хуманист не смее никогаш да се заборави. Горди сме што нашата образовна институција го носи неговото име"- рече во свечениот говор директорот на гимназијата, Љубиша Николиќ.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница