Мени

Одбележани 71 година од загинувањето на Карпош

07.02.2015 13:01 | KumanovoNews

Со положување на свежо цвеќе пред Спомен куќата на херојот Христијан Тодоровски Карпош, денеска се одбележани 71 година од неговото загинување.

Одбележани 71 година од загинувањето на Карпош

Почит на херојот му оддадоа делегации од Сојузот на борци, општина Куманово, политички партии, граѓански здруженија и други. Од Сојузот на борци рекоа дека се гордеат со Карпош и НОБ.

Секој град во Република се гордее со некого, ние не само што се гордееме туку и ја почитуваме НОБ, каде се изроди легендата Карпош. Ние секогаш ќе се навраќаме на него, ќе го посетуваме и никогаш нема да го заборавиме. Вечно ќе го носиме во нашите срца - кажа Благе Јакимовски, секретар на Сојуз на борци Куманово.

Спирко Зафировски, борец од НОБ лично го познавал Карпош и вели дека со мал број на партизани ослободил голема територија.

Во првите борбени дејствија Карпош се истакнува како командант. Негова одлика е што со мал број партизани создаде голема слободна територија. Ја уништи целокупната окупаторска заседа на Козјачие и стекна огромна доверба  и масовно се приклучуваа во неговите редови. посебно беше ценет затоа што изврши големи задачи. Ја запали општината во Орашац, Градиште и многу други општини со малку жртви - изјави Зафировски.

На 7 февруари 1944 година во Биљача , прешевско окупаторските војски го убиле Карпош.