Мени

Оглас на контејнер

17.02.2010 22:23 | KumanovoNews

Контејнерите покрај тоа што служат за собирање на смет можат да се искористат и за друга намена. Вчера пред Музичкото училиште еден од контејнерите беше употребен како рекламен простор.

Оглас на контејнер

Сопственик на фризерско студио залепил оглас со необична содржина. „Само на 24 февруари од 10 до 15 часот, купување природна женска коса, повеќе од 40 сантиметри. Други денови не се наруши“.

И покрај странските зборови и непознатата улица, огласот предизвика внимание поради местото на кое што е залепен. Го читаа минувачите и оние кои фрлаа ѓубре, а за него се заинтересира дури и една бабичка.

Зошто сопственикот на овој оглас проценил дека контејнерот е место за неговата понуда, можеме само да претпоставуваме.

Идејата е несекојдневна и може да се искористи од сопствениците на контејнерите, во иднина да ги издаваат и како рекламен простор.