Огревно дрво пронајдено во Лукаре
17.09.2014 12:48
| KumanovoNews
Во липковското село Лукаре ноќеска се пронајдени 40 метри кубни огревно дрво.
Полициски службеници од Полициска станица за ГН Гошинце во 1 часот по полноќ во атарот на селото нашле 40 метри кубни огревно дрво. Со соодветна документација дрвата се предадени на ЈП „Македонски шуми“.