Мени

Општина Старо Нагоричане ги промовира спортот и толеранцијата

25.09.2012 12:00 | KumanovoNews

 Општината Старо Нагоричане утре ја организира шестата по ред акција од кампањата “Спортот како фактор за толеранција, заедништво, почитување“.

Општина Старо Нагоричане ги промовира спортот и толеранцијата

 На манифестацијата ќе присуствуваат гости од Прилеп, Шуто Оризари, Тетово, Врапчишта и општина Центар.

Околу 10 часот ќе пристигнат градоначалниците на споменатите општини  и ќе се одржи дефиле со децата до фудбалскиот терен. Во 11.30 часот следува средба со претставници од Кабинетот на претседателот  Ѓорѓе Иванов кој е покровител на настанот и претставници од Амбасадата на САД во Скопје. Гостите на крајот од денот ќе го посетат Кокино- велат од Општината.