Мени

Општината изработува ИТ стратегија

13.01.2012 16:05 | KumanovoNews

Работна група составена од стручни лица во информатичката технологија од Општината, Советот, јавните претпријатија, невладини организации и независни експерти, работат на создавање на ИТ стратегија за наредните 4 година.

Општината изработува ИТ стратегија

Денеска се одржа една од работилниците каде се утврдуваа стратешките цели и конкретните активности.

Работиме на повеќе приритети и тоа: системско поврзување на јавните институции на локалната и централната власт, вмрежувања, созавање на електронска општина, едношалтерски систем и онлај услуги кон граѓаните. Уште сме во обработка на податоците, и јас се надевам дека за еден месец ќе ја имаме првата верзија- вели Зоран Павловски.

Потоа ќе следат неколку јавни расправи и трибини каде граѓаните ќе можат да дадат свое мислење за предлозите, а дури потоа предлог-стратегијата ќе се достави на Советот на Општината.