Општината потрошила 300 милиони денари во првиот квартал
Во првиот квартал од 2015 година, општина Куманово потрошила скоро 300 милиони денари или 18 одсто од вкупниот буџет.
Парите се потрошени за тековно работење на општината, реализирање на програмите на јавните претпријатија, изградба на улици, изградба на Затворениот градски базен и друго. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешки за буџетот за кој сметаат дека е нереален.
Овој буџет ќе ја доживее истата судбина на претходните буџети. Тој е нереално скроен и нереално планиран. До крајот на годината не може да биде остварен повеќе од 80 отсто“ - рече Мирослав Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Ирена Илиевска од секторот за финансиски прашања во општина Куманово, објасни каде и за која намена се потрошени парите.
Капиталните приходи се реализирани 7 отсто во однос на планот, а тие во најголем дел се за изградба и реконструкција на улици, изградба на Затворен базен, дел од јавното осветлување, како и одржување на јавното осветлување во градот“ - кажа Илиевска.
Советниците го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за прв квартал од 2015 година.