Мени

Општински натпревар за млади библиотекари

15.10.2014 14:00 | KumanovoNews

Tриесетина основци од Куманово денеска се натпреваруваат на општинскиот натпревар “Млади библиотекари“.

Општински натпревар за млади библиотекари

Натпреварот\n го организира Градската библиотека “Тане Георгиевски“, а победникот ќе \nја претставува општината на републички натпревар на 24 октомври во Велес\n .

Имаме прирачник, Асоцијацијата на библиотекари има свој \nприрачник “Млад библиотекар“ и прашањата се од таа книга направени. \nНашите натпреварувачи покажуваат знаења исклучиво од библиотекарството. \nНие од Куманово секогаш сме биле на врвот од табелата, а впрочем и \nКуманово има потенцијал. Ние сме голема општина, имаме повеќе училишта, \nимаме солидни ученици и секогаш сме задоволни од резултатот - вели Нада\n Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.

Општинскиот \nнатпревар “Млади библиотекари“ е во состав на активностите на Месецот на\n книгата, кој почнува денеска и ќе трае до 15 ноември. По тој повод ќе \nима промоции, гостување на писатели во Куманово и други активности за \nафирмација на книгата.