Мени

Оружјето на криминалците најдено во Отља

03.05.2012 07:50 | KumanovoNews

  Во куќата на Фериде Б.(60) во селото Отља, полицијата пронашла поголема количина на оружје, за кое постои сомнение дека криминалната група го користела при убиството кај Смиљковското езеро.

Оружјето на криминалците најдено во Отља

Според полицијата извршен е претрес во домот и другите простории, при што пронајдена е поголема количина на муниција и куршуми со кал. 12,7 мм и 14,5 мм, 7,62мм, тронблонски куршуми, рамки од автоматска и полуавтоматска пушка и реденици за пушкомитралез. Исто така пронајдени се радиостаници, маскирни панталони, кошули и ранци, амблеми и легитимации и албум со ознаки од УЧК, тактички елеци маскирна боја од кои еден со амблем на УЧК и др.

Против истата поднесена е кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Тероризам„ по член 394–б ст.6, од КЗ на Р.Македонија.Жената живеела сама во куќата, а нејзините синови работеле во Швајцарија и Норвешка.

Истражен судија и одредил куќен притвор, поради здравствени проблеми.