Осми април неработен ден за Ромите
06.04.2015 08:34
| KumanovoNews
8 април (среда), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ,.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.