Мени

Осми март- Меѓународниот ден на жената

08.03.2010 11:40 | KumanovoNews

Празникот на жената се одбележува од 1910 година. На втората Меѓународна конференција на жените социјалистки одржана во Копенхаген на иницијатива на Клара Цеткин е решено овој ден да се празнува во чест на демонстрациите на жените ширум светот во 1903 година, кои се одржаа под паролата „Борба за општо право на глас“.

Осми март- Меѓународниот ден на жената

Обединетите Нации 1975 година ја прогласиле за меѓународна година на жената, и официјално започнале да го одбележуваат празникот. Меѓународниот ден на жената, 8 март, денеска се слави со многубројни манифестации на припадничките на понежниот пол.

Женските од невладини организации и политичките партии, празникот ќе го користат за конференции и потпишување на декларации за парвата на жените.

Осми март е празник кога мажите им посветуваат поголемо внимание на жените. Поголемиот дел од нив поразникот ќе го прослават во реторани и кафеаните во гардот, а побогатите веќе заминаа на неколкудневни патувања.

Многу светски културолози сметаат дека празникот го има загубено своето првобитно значење, односно дека целото празнување има само свечен чин и ништо повеќе.