Мени

Основци ќе одат на размена во Швајцарија

25.05.2012 11:59 | KumanovoNews

 Во текот на јуни, невладината организација Рамаси по седми пат ќе се организира меѓукултурна размена на ученици во Троген, Швајцарија.

Основци ќе одат на размена во Швајцарија

На оваа размена ќе учествуваат деца од ромска, македонска и турска националност, а преку други организации ќе бидат испратени и албански деца. Ќе ги посетат водопадите на Рајна, Цирих, ќе шетаат, ќе одат во фабрика за чоколада. Но нема да биде само шетање, туку ќе има и едукативен дел. Тие ќе следат предавања за антирасизам и за тимска работа. Онаму кај што ќе бидат сместени ќе ги извршуваат домашните обврски - вели Анета Додевска, администратор во Рамаси.

Размената е планирана за деца од седмо и осмо одделение кои веќе учествувале на работилниците кои ги организира оваа невладина организација. Се води сметка да бидат вклучени и деца од маргинализирани групи. Посетата ќе трае две недели, а е финансирана од Детската фондација Песталоци.