Основци и средношколци ќе се натпреваруваат во прва помош
04.06.2015 09:39
| KumanovoNews
Пред зградата на Црвен Крст во понеделник во 13 часот, ќе се одржи општински натпревар по прва помош.
Ученици од средните и основните училишта од градот, како и екипа од клуб на млади од Црвен Крст Куманово практично ќе покажат како се укажува прва помош, при различни видови на повреди. Најдобрите три екипи ќе добијат дипломи, а првата екипа ќе учествува на државен натпревар во Крива Паланка.