Оштетено новото лизгалиште
Куршум оштетил гумено црево на лизгалиштето што се монтира на игралиште на Кејот на реката Кумановка. Од оштетувањето истекол фреонот, поради што паднала температурата и се истопил ледот.
Инцидентот се случил по полноќ, а го забележал работник кој го обезбедувал лизгалиштето.
Најверојатно се работи за заскитан куршум, кој падна и го дупнал цревото. Прекинат е целиот процес и се истопил целиот лед што се создавал во текот на денот. Во меѓувреме фирмата го поправила недостаокот, но ќе се пролонгира пуштањето во употреба на лизгалиштето, кое требаше утре вечер да го сефтосаме- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Полицијата извршила увид на лице место и работи на утврдување на причината за инцидентот, дали се работи за заскитан куршум или намерно пукање во гумената инсталација на лизгалиштето.