Осум лекари наградени, пет казнети
Со новиот концепт на плаќање по учинок, во Општа болница Куманово осум специјалисти ќе бидат наградени, а пет казнети од плата.
Наградените ќе земат за 20 отсто повисока плата, а за казнетите зависно од тоа колку имаат сработено финансиската служба ќе одреди за колку ќе им биде помала платата. Некои лекари послабо работат со компјутери. Но понатаму, бидејќи ова е прв месец, се надевам дека ќе има повеќе наградени, а помалку казнети специјалисти. Мислам дека ќе се зголемува бројот на лекари кои ќе земаат стопроценти плата - вели Латиф Арифи, директор на Општа болница Куманово.
До 15 во месецот директорите имаат обврска да ги опоменат лекарите кои покажале послаби резултати. Со плаќањето по учинок се споредува работата на специјалистите , кој колку сработил во текот на месецот.